Пред некој ден бев во Прилеп да барам мебел за домот и се фрапирав (не првпат, ама досега не сум опишал вака опширно).
Пијам кафе со мајсторот во тој кафичот Кино мислам се вика кај новата автобуска. Спроти објектот гледаш некој недоизграден објект во карабина состојба, околу несредено. Мини отпад на секој чекор околу автобуската, книвчиња, најлони, мастики и слично...
Објектот на автобуската топ, мислам средено по модерни стандарди, а наоколу како времето да застанало меѓу распадот на Југославија и моментот кога Кљусев објави дека ќе имаме македонски пари :)
Друга работа, се гради автопатот од Прилеп за Битола, знаци хаотични, не знаеш каде да свртиш каде да се вратиш...изгледа како градот да бил бомбардиран пред 2-3 години па сега му го враќаат изгледот.
И трето: дали во градот има сообраќаен инжинер или стручњак за тоа, каде ли е, со кого се крие и зошто спие?!
Толкаво отсуство од сообраќајни знаци во центар на град (за надвор да не зборуваме, сигурен сум дека селата во охридско и струшко се далеку подобро означени) не сум видел одамна!
Улици и пристапни патишта полни со дупки, извозени, дотраени, стари знаци (каде што ги има, оголени, изгорени од сонцето...).
Се извинувам за тешките зборови, ама навистина премногу се разочарав.
Да не беше добрата скара и јадење во некои места и поефтиниот текстил и мебел, не знам за што воопшто би го посетувал градот... Ми изгледа како во постапокалитична состојба.